23.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Во Албанија полицискиот час од денеска според стариот распоред

Најчитани вести

Во Албанија од вечерва се враќа стариот распоред на времетраење на полицискиот час.

Тоа значи дека се враќа одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, со која од 11 ноември беше воведен полициски час од 22:00 до 6:00 часот.

Непосредно пред празниците, од 24 декември, Комитетот донесе одлука со која полицискиот час траеше од 20:30 до 6:00 часот.Од оваа одлука беа изземени само службите за итни интервенци,како и оние за достава.

Меѓу другите мерки преземени од Комитетот на експерти беше и забраната на летови со Велика Британија до 6 јануари, додека сите лица кои доаѓаат од оваа земја, мораа да ностанат во карантин 14 дена.

Од 24 декември до 11 јануари трае одморот на основците средношколците,наместо до четврти јануари како порано, додека универзитетите онлајн наставата ја почнуваат утре.

Во земјата регистрани си вкупно 59.438 случаи на заразени со Ковид-19, оздравени се 34.648 додека починати 1.193 лица.

Премиер Еди Рама рече дека е убеден оти најлошото со пандемијата веќе поминало и најави дека вакцинацијата ќе почне третата недела од овој месец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com