Home » Во Албанија регистриран прв смртен случај како последица на грип

Во Албанија регистриран прв смртен случај како последица на грип

by Журнал

Епидемиолошката состојба во Албанија почна да се влошува, бидејќи циркулираат грип, Ковид-19 и многу вируси, објави Топ чанел. Според истиот извор забележан е првиот случај на загуба на живот како последица на грип. Станува збор за повозрасен маж од јужниот град Ѓирокастро.

-Седумдесетгодишниот маж се јавил во болницата во Ѓирокастро со симптоми на грип, треска, проблеми во белите дробови. Но, неговата здравствена состојба се влошила по што бил препратен во Инфективната болница во Тирана, каде што пристигнал интубиран. Но и покрај напорите на лекарите, починал, додава телевизијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More