Home » Во акциска контрола МВР влезе во објекти во Тетово, пронајдени дрога и ножеви

Во акциска контрола МВР влезе во објекти во Тетово, пронајдени дрога и ножеви

by Журнал.мк

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот и денешниот ден во периодот од 23 до 02 часот, на териториторијата на тетово во соработка до ДПИ, трудов инспекторат и ДЗС во акциска контрола уапсени се 5 лица. Кај нив била пронајдена дрога и ножеви.

Во еден угостителски објект бил лишен од слобода Р.Е.(32) од Тетово, кај кого при преглед бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во трите угостителски објекти биле приведени Е.И.(32) од Боговиње, А.Ј.(55) од Тетово, Ш.Л.(27) од с.Порој и Е.А.(35) од с.Мала Речица, кај кои биле пронајдени остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од КЗ и член 80 од Закон за оружје“, информираат од МВР.

Од страна на другите институции кои биле вклучени во акциската контрола биле констатирани низа неправилности при што од страна на ДПИ на два објекта ќе им бидат доставени решенија за затворање.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk