Home » Во 2019 година премиерлигашки играч си ја купил слободата иако ја нападнал својата девојка

Во 2019 година премиерлигашки играч си ја купил слободата иако ја нападнал својата девојка

by Журнал.мк

Во 2019 година се случил немил инцидент сличен на оној со Мејсон Гринвуд кој неодамна беше приведен откако ја претепал својата девојка и ја принудувал да имаат сексуални односи.

Одекот на јавноста за овој случај ја влоши состојбата за Гринвуд за кој се чини дека нема веќе назад и дека целата кариера веќе му е ставена под голем знак прашалник.

Таква „среќа“ немал фудбалер од Премиер лигата, чиј сличен случај поминал незабележано од јавноста иако играчот бил притворен поради физички напад врз својата девојка која го пријавила нападот.

После тоа фудбалерот и упаќал заканувачки пораки, но на крај случајот не дошол до суд откако фудбалерот ја искористил својата финансиска моќ да најми добри адвокати кои го затвориле случајот.

Играчот и платил висока сума на оштетената која под притисок на неговите адвокати не потегнала судска разрешница.

– Ова е прилично вознемирувачко, посебно откако се случи тоа со Мејсон Гринвуд. Во овој случај, фудбалерот ги искористил своите адвокати за да добие адвокати да ја средат работата за него и да ја задржат целата постапка надвор од очите на јавноста. Постигнале договор со што ја замолчиле девојката и запреле судска процедура, – вели извор за „Сан“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More