Home » Во јуни издадени 23,6 отсто помалку дозволи за градба од лани

Во јуни издадени 23,6 отсто помалку дозволи за градба од лани

by Журнал.мк

Во јуни 2024 година се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во Скопскиот регион се издадени 43 одобренија, од кои осум во Општина Аеродром, по шест во Центар, Илинден и Петровец, пет во Чучер Сандево, три во Гази Баба, две во Бутел и по едно одобрение во Сарај и во Шуто Оризари. За општините од Полошкиот регион се издадени 38 одобренија, Пелагонискиот 29, Вардарскиот 23, Источниот 20, Југоисточниот 14, Југозападниот 13, додека Североисточниот повторно е најмалку одобренија, односно издадени се само пет.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 108 се наменети за високоградба, од кои 37 за нискоградба. Во овој период е предвидена изградба на 400 станови со површина од 35.505 метри квадратни. Најголем дел од становите, 242, се во Скопскиот регион.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More