Home » Војниците предводени од Русија почнаа да се повлекуваат од Казахстан

Војниците предводени од Русија почнаа да се повлекуваат од Казахстан

by Журнал.мк

Повеќе од 2.000 војници од Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Русија почнаа да се повлекуваат од Казахстан на 13 јануари, соопшти Москва. Војниците беа повикаиа да помогнат во стабилизирањето на централноазиската држава по смртоносните немири предизвикани од зголемувањето на цената на горивото во услови на очигледен судир со лојалистите на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев. „Колективните мировни сили почнуваат да подготвуваат опрема и материјал за натоварување во авионите на воената транспортна авијација на руските воздушни сили и враќање на точките на постојано распоредување“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана пренесено од руските агенции.

Организацијата на Договорот за колективна безбедност – сојуз составен од Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија и Таџикистан – наведува дека повлекувањето треба да потрае околу 10 дена за да се заврши. Војниците пристигнаа во Казахстан во минатата недела откако претседателот Касим-Жомарт Токаев на 5 јануари прогласи вонредна состојба и побара од блокот воена помош кога протестите станаа смртоносни со судири на безбедносниот персонал и толпи на градските улици низ целата земја.

Точниот број на загинати во насилството останува нејасен. Иако официјалниот биланс на загинати беше објавен како 164, Токаев рече дека стотици цивили и безбедносни сили биле убиени и повредени. Токаев тврдеше дека зад протестите стојат „терористи обучени од странство“ во обид да ја соборат владата. Но, аналитичарите велат дека се чини дека има внатрешна борба за моќ меѓу претседателот и следбениците на Назарбаев, кој остана моќна фигура во земјата откако го избра Токаев за негов наследник во 2019 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More