Home » Внимавајте каде фрлате отпад: Камери и засилени контроли во Тетово

Внимавајте каде фрлате отпад: Камери и засилени контроли во Тетово

by Журнал.мк

Општина Тетово презема конкретни чекори за справување со несовесното фрлање отпад на недозволени локации преку воведување камери и засилени контроли. На шест критични локации во градот се поставени камери, а теренските инспекции се интензивирани. Во последните пет месеци, инспекторите затекнале околу 100 граѓани кои несоодветно депонирале отпад.

„Изречени се 18 казни за прекршоци со парична санкција од по 50 евра, а дополнително се процесуираат уште 35 случаи. Притоа, 60 граѓани добиле предупредување за непочитување на регулативата, со акцент на важноста од одржување на јавната чистота,“ изјави портпаролот на Општина Тетово, Бесарт Рамадани.

Градоначалникот Биљал Касами упати апел до институциите – полицијата, обвинителството и судството – да постапуваат соодветно по доставените прекршоци. „Има случаи каде што покренуваме постапка, но кога стигнува до судот или обвинителството, не се смета за сериозен прекршок и не се преземаат соодветни мерки. Доколку не се постапува сериозно, граѓаните ќе продолжат со старите навики, особено тие кои се несовесни,“ истакна Касами.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk