Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто Филипче е е изземен од случајот Онкологија? Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто поранешниот министер за здравство и актуелен претседател на опозициската партија, Венко Филипче е изземен од случајот Онкологија.
Партијата оценува дека Венко Филипче бил убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија, а неговиот мандат, поврзан со скандали и злоупотреби.
Самиот Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со одлуката на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, поднесени се две обвиненија. ВМРО-ДПМНЕ се повикува на членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што стои „надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што, според ВМРО-ДПМНЕ, значи дека Филипче бил директно одговорен.