Home » ВМРО: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

ВМРО: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

by Журнал

Власта предводена од СДС и ДУИ направи пустош во сите области, меѓу кои и во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Грижата на луѓето во власта предводена од СДС и ДУИ е сведена само на грижа за нивниот сопствен џеб и за сопствените интереси.

Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт направи пустош во здравството. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту во опрема, ниту во инфраструктура.

Цената за негрижата на власта предводена од СДС и ДУИ ја плаќаат граѓаните. Цената за нивната негрижа, која ја плаќаат граѓаните, е многу висока. Особено скапо чини негрижата за постојниот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд.

Токму поради сите нивни пропусти, јавноста за многу краток период, период од една недела, е сведок на ужасни вести.

Скршена рака на новороденче, на новороденче му е исечен прст, починува новороденче, а потоа и мајката. Ова се само неколку вести за краток период, а сите се случиле на Клиниката за гинекологија и акушерство, која е во рамките на кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Едно е јасно, од назадување во сите сегменти во здравството, особено во јавното здравство и низа немили настани, беше доволно!

Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме!

Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е итно рестартирање на здравствениот систем“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More