Home » ВМРО: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата

ВМРО: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата

by Журнал.мк

„На Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како да не им е грижа за ниската доверба на граѓаните, па со свои постапки продолжуваат да ја поткопуваат и така ниската доверба во правосудните органи од само 2%. Со последниот дрзок упад кој што Судскиот совет го направи во Академијата на судии и јавни обвинители, дополнително ќе ја намали довербата на граѓаните во правосудството. Пред недела дена, на 24 октомври, спротивно на закон, Судскиот совет за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, наместо судии, ја назначи Антоанета Димовска, која истовремено е член на Судскиот совет“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Отаму велат дека „според Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, се забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал“.

„А, токму членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Тоа е флагрантно кршење на законските прописи. Антоанета Димовска, освен што спротивно на закон е назначена за член на УО на Академијата, треба да се напомене дека е и сестра на пратеничката на СДС, Снежана Калеска Ванчева. Дали роднинските врски со членови на СДС бил мотивот на Судскиот совет да го прекрши законот и Антоанета Димовска да ја назначи за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители? Одговор треба да дадат и од СДС и да кажат, која е нивната улога и дали се вмешани во овој избор? Освен одговори, потребно е Димовска да си поднесе оставка од незаконски добиената функција, а Судскиот совет да понесе колективна одговорност за противзаконскиот упад во системот“, соопштуваат од СДСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk