Home » ВМРО: Пендаровски е симбол на конфузија и промена на ставови

ВМРО: Пендаровски е симбол на конфузија и промена на ставови

by Журнал.мк

Стево Пендаровски е симбол за конфузија и промена на ставови. Едно време Пендаровски уверуваше дека Kопенхашките критериуми, а не билатералните прашања и историјата ќе бидат условите за влез во Европската Унија. Но наместо тоа, тој и СДС прифатија понижувачки позиции за Македонија во кој историските толкувања на Бугарија ќе бидат клучни во детерминирањето на македонските евроинтеграции, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, како што и сам коментира Пендаровски, доколку членовите на мешовитата историска комисија со Бугарија не се договорат за одредена личност или настан од македонската историја, тогаш следи вето и нова блокада. Оваа изјава е дадена во јули 2022 година. Ако Пендаровски е свесен за ова, тогаш се поставува прашањето зошто прифаќа Македонија да влезе во бескрајни преговори во кои ќе биде уценувана со историската Комисија со Бугарија?

Пендаровски и СДС во континуитет прифаќаат кукавички јајца во македонските евроинтеграции. Тоа е недозволиво. Со право народот вели дека немаме држава, немаме претседател и немаме институции кои ќе ги штитат националните интереси. Пендаровски го изгуби својот интегритет и кредибилитет. Тој го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени!“ порачаа од опозициската партија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More