Home » ВМРО-НП предлага да се одбележи битка од 1944 во која заедно се бореле македонски и бугарски баталјон

ВМРО-НП предлага да се одбележи битка од 1944 во која заедно се бореле македонски и бугарски баталјон

by Журнал.мк

На 29. ноември 1944 година во завршницата на Февруарскиот поход, третата борбена група составена од еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ под команда на главниот штаб на македонската војска, во Кумановско го разбиле вардарскиот четнички корпус, посочуваат од ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски.

„Тоа дотогаш била една од најголемите битки и најголема победа во која помалубројните партизани разбиле единица од 800 македонски четници.

На тој начин му било ставено крај на движењето на македонските четници кои до 1943-та година биле многу побројни и од македонските партизани“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-НП предлагаат годинава оваа битка од Втората светска војна да биде одбележана на државно ниво, затоа што, како што велат, никогаш во овие 78 години и се нема дадено државно значење и одбележување.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More