Home » ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо да ја „откачи“ ја наградува со нов договор агенцијата за обезбедување која го дозволи упадот во М-НАВ, новиот тендер сомнителен

ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо да ја „откачи“ ја наградува со нов договор агенцијата за обезбедување која го дозволи упадот во М-НАВ, новиот тендер сомнителен

by Журнал

Вредностите на квази-европскиот фронт на ДУИ и СДС на дело се видоа со скандалот со упадот во М-НАВ. Не само што загрозија меѓународен воздушен сообраќај, не само што беше извршено физичко насилство во контролна кула, туку од петни жили се правело се овој случај да се забошоти и прикрие.

Наместо агенцијата 2СС која го обезбедувала објектот да добива продолжување на договорот, во нормална европска држава би и се заблагодариле и би била предмет на истрага. Но веројатно се работи за блиска фирма до власта, па така ништо европски не се случи, туку напротив кичевската фирма доби нов договор за „успешната досегашна соработка“. Дали новиот договор е благодарност поради тоа што им овозможила на Незири и групата да влезат во контролната кула?

Дополнително, постои основано сомнение дека М-НАВ направило малверзации со потпишувањето на договорот за обезбедување со кичевската агенција 2СС.

Имено според првичните информации во јавноста оваа агенција во време на инцидентот имала истечен договор, за после тоа согласно документациите кои се достапни новиот договор да биде потпишан на 29 декември 2023 година во истиот ден кога се отвораат понудите. Народот вели кај што има чад има и оган. Вистината се кажува едноставно, а малверзациите се секогаш комплицирани. А во случајот и М-НАВ и Владата и СДС и ДУИ со секој коментар за овој скандал уште повеќе се заплеткуваат.

Прво велеа дека се работи за обично кошкање, па за вербална расправија, па за семејно недоразбирање, па што ли уште не, само групата од ДУИ предводена од Незири упадна во контролната кула. Тоа што се случи беше класичен бандитизам, а целата операција на власта е релативизација на бандитизмот, односно класично потценување на интелигенцијата на народот.

Ова мораме заедно со народот да го поразиме. Во Македонија никогаш не било полошо како сега со ДУИ и СДС на власт. Мора да се застане на патот на бандитизмот и безобразието на оваа влада.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More