28.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе пресече за кандидат за претседател на ДИК, во игра е Даштевски

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одлучи кој ќе биде нивниот кандидат за претседател на Државната изборна комисија, на местото на досегашниот претседател на Комисијата, Оливер Деркоски кому му истекува мандатот.

Од партијата за Фокус потврдуваат дека еден од двата предлози за членови на ДИК ќе биде Александар Даштевски, кој беше на чело на Комисијата за антидискриминација во време кога Комисијата утврди дека поранешниот премиер, Никола Груевски бил жртва на политичка дискриминација.

-Претпоставувам дека е точно и дека наскоро ќе ме побараат. Инаку, поднесов документи во Собрание, изјави за Фокус Даштевски.

Од партијата велат дека за вториот предлог и за претседателот ќе одлучат утре. Претседателот на ДИК се избира по предлог на опозицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com