Home » ВМРО-ДПМНЕ: Со 30 пратеници помалку ќе се заштедат околу четири милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Со 30 пратеници помалку ќе се заштедат околу четири милиони евра

by Журнал.мк

Со 90 пратеници, за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За 4 години со Собрание со 90 пратеници, што е за 30 пратеника помалку од сега ќе се заштедат околу 4 милиони евра. Тоа се пари кои наместо во плаќање на функционери со разни привилегии ќе се насочат кон народот. За само 4 години со 90 пратеници, 2 општини низ државата можат да добија по едно ново училиште. За 4 години со 90 пратеници, 4 општини ќе добијат по една градинка. Додека за истиот период може да се изгради и нова амбуланта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека со 90 пратеника на долг рок се крати на трошоци и се добиваат повеќе средства за инвестиции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk