Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите

by Журнал

ВМРО-ДПМНЕ го повика мнозинството на власта да го поддржат и изгласаат законот кој го предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за продолжена важност за пасошите.

– ДС и ДУИ да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ, за да се стави крај на хаосот. И СДС и ДУИ имаат шанси да помогнат да се стави крај на хаосот кој сами го создадоа. Владата по потпишувањето на договорот за промена на името, тврдеше дека нема да има вонредно укинување на патните исправи, туку како ќе истекува нивната важност, така ќе се обновуваат. Владата излажа. Не само што вонредно не се укина важноста на пасошите, туку и во меѓувреме МВР на Спасовски иако знаеле дека нема да важат издавале стари пасоши. СДС и ДУИ ја закочија државата, целосно го ставија во опасност правниот промет и сообраќајот во државата, ги понижија граѓаните и создадоа тесно грло во МВР преку свесно оставање на институцијата без доволно обрасци пред техничка влада. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More