Home » ВМРО-ДПМНЕ: Неказнивоста за упадот во М-НАВ е доказ дека правосудството е заробено и партизирано

ВМРО-ДПМНЕ: Неказнивоста за упадот во М-НАВ е доказ дека правосудството е заробено и партизирано

by Журнал

„СДС и ДУИ го девастираа системот во Македонија, институциите партизирани и заробени, криминалот, корупцијата и бандите царуваат со државата. Последен доказ за тоа е неказнивоста за упадот во М-НАВ иако тоа претставува скандал од меѓународни размери. Само со СДС и ДУИ упад во објект од критична инфраструктура се заташкува и се сведува на помалку од ситна кражба во продавница“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „партизираните судство и обвинителство, како и МВР на Спасовски повторно докажаа дека се во служба пред се на ДУИ, каде СДС е само нем послушник“.

„Доколку ваков скандал, односно ваков бандитски упад се случеше на аеродром од западниот свет каде Македонија се стреми, како Вашингтон, Париз или Брисел истиот ќе беше третиран како терористички чин, за што потврдуваат и деновиве бројни експерти од воздухопловството. Сепак за партиското судство на СДС и ДУИ нема доволно докази ниту да се определи притвор за насилниците предводени од функционер на ДУИ, иако во моментот на нападот имало десетици прелети и авион кој кружи. Нејасно е што требало да се случи за овој случај судот да го сфати сериозно, дали требаше да се случи некоја несреќа за да се свестат за каков голем скандал се работи?“ се вели во партиското соопштение.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More