Home » ВМРО-ДПМНЕ: Национално единство за прашања кои се важни за државата

ВМРО-ДПМНЕ: Национално единство за прашања кои се важни за државата

by Журнал.мк

Кога се во прашање националните интереси ВМРО-ДПМНЕ е за заедништво и национално единство. Кога треба да се заштитат интересите на Македонија сите партии ја имаат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, е нагласено во писмениот допис од оваа партија.

„Македонија е наш заеднички дом, а кога е во прашање нашиот заеднички дом, сите мора да го чуваме. Затоа го повикуваме и Димитар Ковачевски да не стои наспроти народот, туку да застане во одбрана и на линија на црвените линии на Македонија“, се истакнува во соопштението од партијата.

„Но ако мислат дека тоа е поддршка за се, се лажат. Одговорност ќе имаат за криминалот, бидејќи тој не се заборава. Секој кој ја ограбил државата и народот ќе одговара. Како овие покрај Ковачевски сега, така и неговиот претходник кој се повлече од политиката, со мисла дека ќе биде заборавен“, оценуваат од опозициската партија.

За да тргне државата напред, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е потребна одговорност и еднаквост пред законите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More