Home » ВМРО-ДПМНЕ: ЛДП, ДОМ и ДС се виновни што уште функционира оваа криминална влада на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: ЛДП, ДОМ и ДС се виновни што уште функционира оваа криминална влада на СДСМ

by Журнал.мк

Заради клиентелизмот на овие неколку партии за неколку директорски или заменик директорски места со Македонија владее мафија, која зема вакцини од провизии, удира рекет на фирми во РЕК и диктира судски пресуди како што сака.

Заради клиентелизмот на ЛДП, ДОМ и ДС Али Ахмети е премиер во сенка, и нема одговорност ниту за пожарот во тетовската болница во која живи изгореа 14 луѓе, ниту за трагедијата со БЕСА транс, ниту за Дурмо Турс, ниту за починатиот човек кој умре во планините во кратовско зошто немаше болничко возило кое ќе биде испратено за него.

ЛДП, ДОМ и ДС се виновни зошто во Македонија владее влада заради која сме во врвот на листите по криминал и корупција.

ЛДП, ДОМ и ДС ја одржуваат мафијата на власт, за пар директорски места ја заложуваат иднината на целата држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk