Home » ВМРО-ДПМНЕ и АА бараат измените на Изборниот законик да влезат во собраниска процедура

ВМРО-ДПМНЕ и АА бараат измените на Изборниот законик да влезат во собраниска процедура

by Журнал.мк

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска имала средба со пратениците од Алијанса за Албанците на која се разговарало за измените на Изборниот законик. На средбата, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците излегла со став дека измените треба да влезат во собраниска процедура.

-Денеска ја заокружуваме серијата средби со помалите пратенички групи во Собранието на Република Македонија и предмалку само што заврши средбата со координаторите на пратеничката група на Алијанса за Албанците со кои секако разговаравме за прашањето за Изборниот законик. Можам од оваа средба да ве известам дека, како што беше заеднички содржател од сите изминати средби во оваа недела, и Алијанса за Албанците се согласува оти Изборниот законик треба конечно да влезе во процедура, изјави пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите, вели таа, сме за јавна расправа во Собранието по однос на ова прашање на која ќе ги разгледаме сите поединечни ставови и барања по однос на тоа дали листите да се отворени, по однос на прагот итн.

-Останува заклучокот од сите изминати средби, мислам дека денеска е одржанат последната и бараме овој предлог на закон конечно да влезе во процедура и за тоа го повикуваме претседателот Талат Џафери, рече Стојановска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More