ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше тврдењата на СДСМ за масовна партизација на администрацијата, нарекувајќи ги бесрамни лаги.
„Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДС да најде оправдување за сопствениот политички неуспех. Ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДСМ“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.