Home » ВМРО-ДПМНЕ демантира дека имало средба Мицкоски-Таравари

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека имало средба Мицкоски-Таравари

by Журнал

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека лидерот на партијата, Христијан Мицкоски остварил средба со претседателот на АА, Арбен Таравари.

-Прашуваме од каде знае Артан Груби кој е во Австрија (пазарејќи во еден од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Денес Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта.

Наместо соопштенија во име на медиум и негова злоупотреба како да е прес центар на ДУИ, наредниот пат може да пушти соопштение и од својот личен мејл. Се разбира под услов да е точно и вистинито, велат од партијата.

Тв Клан Македонија синоќа прво, повикувајќи се на свои извори, објави дека Таравари, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, се сретнал со Мицкоски. Посочија дека имаат фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето. Подоцна испрати демант од средбата.

-Клан го повлекува вечерашното соопштение и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот кој што неавторизирано испратил маил до други медиуми со непотврдена информација.

Клан ТВ е во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражиме дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да се наштети на телевизијата.

Се извинуваме на засегнатите страни и на медиумите и во целост ја повлекуваме испратената непотврдена информација, посочија од телевизијата.

Ваквите настани доаѓаат по средбата на албанската опозиција заедно со Таравари, со премиерот на Косово, Албин Курти и на денот на почетокот на работата на техничката Влада.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More