Home » ВМРО-ДПМНЕ: Цените на горивата за една година пораснале за 70%, а платите не пораснаа воопшто

ВМРО-ДПМНЕ: Цените на горивата за една година пораснале за 70%, а платите не пораснаа воопшто

by Журнал.мк

Цените на горивата за една година пораснале за 70%, платите не пораснаа воопшто, затоа со СДСМ и ДУИ има сиромаштија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека во април 2020 година дизелот се продавал по цена од 46 денари, април 2021 година цената била 56 денари, а денес истиот се продава по цена од 75 денари, покачување од 63%.

Драстичен раст има и кај цената не бензинот. Тој во април 2020 година се продавал по цена од 50 денари, април 2021 по цена од 69 денари, а денес по цена од 84.5 денари, што е покачување од скоро 70%.

Горивата се клучна алка во голем број индустрии, цената на сите производи во голема мера зависи од нивната цена.

Погодени се граѓаните, транспортерите, рударството, градежништвото, буквално сите дејности.

Со СДСМ и ДУИ има сиромаштија. Со СДСМ и ДУИ нема да има решение на кризата, се вели во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More