Home » ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори без техничка влада

ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори без техничка влада

by Журнал.мк

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ повторно бара брзи избори без техничка влада.

-ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори. Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи, велат од партијата преку соопштение.

Според нив, до решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори.

-Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите, се наведува во партиското соопштение.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More