Home » ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реорганизира министерствата, повеќе пари ќе има и за развој на образованието

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реорганизира министерствата, повеќе пари ќе има и за развој на образованието

by Журнал.мк

Целосна реорганизација на министерствата најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на подобрување на образовните политики во секој сегмент. Градинките да се вратат под надлежност на Министерството за образование и раздвојување на секторите труд и социјална политика.

1% од БДП ќе се издвојува за наука. Покрај повеќе пари за инфраструктурни инвестиции, ќе се мотивира и наставниот кадар кој се занимава со наука со 50% поголеми плати. Претседателката на партиската комисија за образование најавува прилагодување и на наставните програми.

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за секое дете да има учебник на 1-ви септември, иако Мицкоски вели дека власта во заминување намерно остава тотален хаос во образованието.

Сите овие проекти ќе бидат дел и од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а промовирани беа на денешната дебата во Куманово на тема „Нов концепт за развој на образованието“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More