Home » ВМРО-ДПМНЕ ја презентира програмата за парламентарните избори 2024

ВМРО-ДПМНЕ ја презентира програмата за парламентарните избори 2024

by Журнал.мк

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја презентира програмата со која ќе настапи на парламентарните избори 2024, насловена „Платформа #1198“.

Пред почеток на настанот се одржуваат пет програмски дебати, а потоа пред присутните ќе се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој ќе презентира дел проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори.

Првата програмска дебата е на тема „Патоказ кон иднината – зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“, а втората е на тема „Дипломатски хоризонти – реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ“.

Третата програмска дебата е за „Искористување на потенцијалот – образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“, додека четвртата е на тема „Нови стратегии за здравство и социјална политика – за поправедно општество“.

Петтата и последна програмска дебата ќе биде на тема „Просперитетни заедници: земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More