Home » ВМРО ја поддржува интерпелацијата на Даути

ВМРО ја поддржува интерпелацијата на Даути

by Журнал.мк

Жешко на првата собраниска седница по празниците. Дури пет интерпелации се пред пратениците, поднесени за работата на четворица министри, но и за народната избраничка Илире Даути, која го блокираше Законот за бранители. Секоја се разгледува посебно, но ниту една не се очекува да помине.

-Најпрво да го истакнам ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Имено ние даваме поддршка на оваа интерпелација и ќе гласаме за интерпелацијата на колешката Илире Даути, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната собраниска седница.

Ласовска истакна дека интерпелацијата за Илире Даути е поради проблематичното работење кое го кочи работењето на комисијата.

„Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути сосема неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно, па јас би рекла и проблематично го кочи работењето на оваа комисија“, посочи Ласовска.

Ласовска продолжи и додаде:

„Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се случи денеска. Имено вчера се оградија од досегашниот партнер во владата, СДСМ се оградува од ДУИ и вели дека тие се најкорумпираната политичка партија во Македонија, а денеска излегуваат и не сакаат да учествуваат во работата на Собранието и не сакаат да дадат поддршка за интерпелацијата на Илире Даути. А, истовремено пак замислете кој е тој парадокс, законот заради кој Илире Даути заслужено добива интерпелација е поднесен од нив сега откако 7 години беа на власт и не поднесоа закон. Само што паднаа од власт поднесоа вакво законско решение“, истакна Ласовска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk