Home » ВЛЕН: Села стана тивок портпарол на Ахмети

ВЛЕН: Села стана тивок портпарол на Ахмети

by Журнал.мк

Јасно е како ден дека сателитите на Али Ахмети, заслепени од жедта за власт, ја губат секоја честичка на политичко достоинство. Откако ги изневерија гласачите кои некогаш им веруваа со чисто срце, тие се претворија во патерици на ДУИ, надевајќи се на загарантирани позиции. Но, кога нивните интриги пропаднаа, овие разочарани почнаа да испуштаат очајнички крици, слични на вресоците на оние што се дават во тешката болест на политичка депресија, реагираат од ВЛЕН.

„Тие што некогаш беа гласот на надежта, денес се срамот на своите гласачи. Нивната стратегија е лоша копија на ДУИ: манипулации, дезинформации и клевети за да ги прикријат своите неуспеси. Зијадин Села, сега „тивок портпарол“ на Али Ахмети, ја следи темната пропаганда и заштитата на клановите. Неговите малкумина поддржувачи денес се соочуваат со прашањето како завршија бранејќи ги оние против кои некогаш се бореа.

Повеќе од 20 години, неговите ментори ги затвораа очите пред катастрофалната состојба во Кујната на Детската Клиника, ставајќи го во ризик здравјето на новите генерации. Благодарение на коалицијата ВРЕДИ и заложбата на директорот Реџеп Мемеди, по само 4 месеци напорна работа, овој проблем кој со децении беше занемаруван, конечно добива заслужено решение. За нас, здравјето на децата е над секој друг интерес.

Времето на манипулациите на Али Ахмети и неговите сателити заврши! Граѓаните веќе се свесни за нивните игри и нема да дозволат повеќе да бидат манипулирани од тие што мислат само на себе и на своите кланови. Коалицијата ВРЕДИ е надежта и решението за Албанците“, велат од ВЛЕН.

Претходно, ДУИ соопшти дека се случува етничко чистење во институциите, на што реагираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека ваквата реторика на ДУИ ќе се засилува и треба да се игнорира.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk