15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: На 19 октомври заврши политика на лаги и ароганција на ДУИ,...

ВЛЕН: На 19 октомври заврши политика на лаги и ароганција на ДУИ, започнува новата ера на работа, чесност и одговорност

- Advertisement -spot_img

Политиката градена повеќе од две децении врз лични интереси, измами и ароганција се урна на 19 октомври – како кула од хартија. Со овие зборови, коалицијата ВЛЕН ја опиша својата изборна победа на локалните избори, кои според нив, претставуваат пресвртница за албанската политичка сцена во Македонија.

Победите на кандидатите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, според коалицијата се јасен одговор на, како што велат, „пи-ар трикот наречен референдум“, со кој „триото Ахмети-Таравари-Села“ со месеци ја манипулирало јавноста.

Во соопштението се наведува дека „вистинското лице на старата политичка елита“ најјасно се видело во Кичево, каде што по избувнувањето на скандалот, реакцијата била идентична на сите претходни случаи – „да помине и ова, како и секој пат“.
„Токму таа филозофија – да се затворат очите, да се премолчи и утре да продолжиме како ништо да не се случило – ги држеше Албанците како заложници цели две децении“, порачаа од ВЛЕН.

Откако беа објавени компромитирачките материјали, ВЛЕН побара повлекување на кандидатот на АКИ од трката за да се заштити достоинството на изборниот процес. „Но тој реши да продолжи, ставајќи го Кичево во неправедна позиција и докажувајќи дека за таа политичка каста власта е последниот политички кислород,“ стои во реакцијата.

Од коалицијата нагласуваат дека ова е последица на политика градена врз „ароганција, лаги и лични зделки“, со уверување дека секој скандал ќе се заборави „по три дена“.
„За ВЛЕН, јавниот морал не е предмет на пазарење. Сега, судот треба да го донесат граѓаните“, завршува соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img