Home » ВЛЕН: Го повлековме именувањето на Вервизоли како ревизорка на ИПА уште пред неколку дена

ВЛЕН: Го повлековме именувањето на Вервизоли како ревизорка на ИПА уште пред неколку дена

by Журнал.мк

Ја информираме јавноста дека коалицијата ВЛЕН уште пред неколку дена го повлече именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите, соопштија од коалицијата ВЛЕН.

„Иако Вервизоли има одлично CV и значително професионално искуство, донесовме одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нашите редови. Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона го заврши својот обврска со добивање на сертификатот.

Дополнително, сметаме дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото. Овие злоупотреби не само што се оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата.

Коалицијата ВЛЕН останува посветена на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови. Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби“, се вели во информацијата од владејачката ВЛЕН.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More