Коалиоцијата влен денеска преку партиска реакција до медиумите вели дека нема да стои со скрстени раце додека опозицијата и нејзините тивки сојузници се обидуваат да ја запалат искрата на меѓуетничките поделби за да се спасат од својата политичка корупција.
Тврдат дека ДУИ и СДСМ брзаат да го донесат законот за бранители за да се спасат од политичка корупција
Законот влезе во процедура затоа што според новиот деловник, нема можност да не се стави на дневен ред закон предложен од пратеник, Влада или кој било што има право да предложи закон.
– Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека нема намера да гради заедничка иднина за граѓаните, туку да ги отвора раните од минатото за ниски политички придобивки. А ДУИ, продолжува да ја игра својата старо-нова игра, насочена кон одвлекување на вниманието од своите криминали. Во знак на протест против оваа ниска и неодговорна стратегија, нашите пратеници од Коалицијата ВЛЕН ја напуштија седницата. Нашата порака е јасна: нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби. Законите што имаат за цел да го поделат албанскиот народ и да го одржуваат во живот корумпираниот систем, немаат место во нашата агенда!, се вели во реакцијата.
Од ВЛЕН велат дека тука се да го бранат правото на албанскиот народ и да бараат сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на ОВК.
Велат дека нема да дозволат ваквите прашања да се користат за прикривање на неуспесите и злосторствата што се направени врз народот.