Home » ВЛЕН: Абази мајка за Ахмети и Јахоски, маќеа за Бектеши

ВЛЕН: Абази мајка за Ахмети и Јахоски, маќеа за Бектеши

by Журнал.мк

Коалицијата ВЛЕН обвинува дека не случајно народот вели „парите дупчат каде ниту бургијата не може!“. Оттаму велат дека со недели слушаат како „ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери“.

-Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија. За него не е важно што негови луѓе набавувале токсичен мазут во износ од 160 милиони евра и труеле цела нација. Преку послушникот на кичевскиот клан, Ислам Абази, прави се’ што може да го спаси од притвор лицето А.Ј. со кауција од 2 милиони евра.

Клучното прашање е зошто, на пример Дрин Ахмети не депонира кауција за поранешните министри на неговиот вујко? Или, нивните маки и маките на нивните семејства се неважни за Ахмети, прашуваат од ВЛЕН.

Коалцијата од неколку партии предупредува дека определбата на Ахмети е да предизвика политичка криза која би резултирала со предвремени парламентарни заедно со локалните избори.

-Нему очајно му треба “Пржинска Влада” во која преку МВР со кое би раководела опозицијата, би се направило се’ за да се уништат доказите против поранешните корумпирани кадри на ДУИ. Затоа, не сакаат само локални избори, бидејќи влегуваат во сигурен катастрофален пораз, стои во партиското соопштение.

Ваквиот став на ВЛЕН следува откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), кое го води предметот за Асмир Јахоски, соопшти дека предлогот на осомничениот може да биде основан само ако тој во исто време на посебна сметка на судот дополнително депонира износ од 72 000 000 денари (1 170 318 евра). Сепак, Јахоски ќе остане во притвор откако Кривичниот совет при Oсновниот кривичниот суд – Скопје го одби како неосновано барањето мерката притвор да се замени со кауција. Судот оцени дека сè уште се присутни околности од член 165, став 1, точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка, односно ризикот обвинетиот да ја попречи истрагата преку влијание врз сведоците или со уништување и фалсификување на докази.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk