Home » ВЛЕН ќе стане една партија – започнати процедурите за обединување на четири политички субјекти

ВЛЕН ќе стане една партија – започнати процедурите за обединување на четири политички субјекти

by Журнал.мк

По „само-исклучувањето“ на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари од
коалицијата ВЛЕН, партиите Демократско движење, Алтернатива, Беса и
Самоопределување ја започнаа процедурата за спојување во еден политички субјект. На
состанокот одржан во Струга, беше донесена одлука за формирање заедничко централно
раководство од 23 члена.

„Прво беше донесена одлука да се формираат заеднички медиумски центар, кадровска
комисија, економски, правен и образовен оддел, значи сите сектори ќе бидат заеднички.
Исто така, беше донесена одлука за формирање на заедничко централно раководство од
23 членови, во кое ќе има членови од сите четири партии, но не се исклучува можноста и
интелектуалци надвор од ВЛЕН да бидат вклучени“, рече Изет Меџити – ВЛЕН.

Меџити не ја потврди структурата на новото раководство на идната партија.
Информациите што неодамна излегоа за тоа кој би бил претседател, а кој
потпретседател на ВЛЕН, тој ги нарече нарачки од кујните на ДУИ.

„Што се однесува до лидерот, мислам дека тоа ќе оди преку редовна постапка,
организација на конгрес, кандидатури, и тој што ќе биде најдобар – нему ќе му се даде
раката да го води ВЛЕН. ВЛЕН не е оптоварен ниту со личности, ниту со партиски бои –
на ДД, на Алијансата, на Беса. ВЛЕН во моментот бара решенија, а не проблеми“, додаде Изет Меџити – ВЛЕН.
Раководството на ВЛЕН ги забрза процедурите за формирање на новата партија по
судирот со лидерот на АА, Таравари, и неговата одлука да настапи со посебни листи на
кандидати на локалните избори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk