Home » Влатко Ѓорчев назначен за национален координатор за демографија млади и човечки ресурси

Влатко Ѓорчев назначен за национален координатор за демографија млади и човечки ресурси

by Журнал.мк

Лилјана Затуроска е национална координаторка за локална самоуправа, Влатко Ѓорчев е национален координатор за демографија млади и човечки ресурси, а Верче Мицевска ќе ги координира работите поврзани со безбедноста на храната.

Ова било одлучено на една од последните владини седници, кога била донесена одлука да се отворат три нови позиции за национален координатор.

Владата претходно го назначи и Павле Трајанов за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More