Home » Влатко Ѓорчев бил испратен во Вашингтон да моли да не ја рушат владата на Груевски

Влатко Ѓорчев бил испратен во Вашингтон да моли да не ја рушат владата на Груевски

by Журнал.мк

Влатко Ѓорчев, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е Македонецот кој во 2016 година ги молел властите во САД да не ја рушат Владата на тогашниот македонски премиер Никола Груевски.

Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, го прочита неговото име во поткастот на Тим Пул.

Таа првично не можеше да се сети на името на човекот кој бил избран службени во македонската влада, но го опиша како висок и со типичен лик на источноевропеец. Човекот дошол во нивната канцеларија и молел: „Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“.

Подоцна, во текот на поткастот, Кетрин О Нил го пронајде Владимир Ѓорчев на фотографија на сајтот на македонското Собрание и потврди дека тој е човекот кој во 2016 година се сретнал со нејзината шефица за време на молитвениот појадок.

О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk