Home » Владо Јаневски со „Не зори зоро“, „Дома си е дома“ , „Еден бакнеж“….во „Антички театар“ – Охридскиот концерт на чаирскиот романтичар

Владо Јаневски со „Не зори зоро“, „Дома си е дома“ , „Еден бакнеж“….во „Антички театар“ – Охридскиот концерт на чаирскиот романтичар

by Lina Muslija

Македонската музичка поп-ѕвезда Владо Јаневски и покрај годините кои одлично му стојат, а во ноември ќе наполни 65, не мирува. Напротив! Ова лето на 8 август, во амбиентот на Охридскиот „Антички театар“, ќе направи голем солистички концерт, а во организација на веќе докажаната „Прагма продукција“.

И на тој начин, а со максимална поддршка на своите фанови, Владо, пак, во живо ќе ги оживее хитовите: „Црно Тиквешко“, „Напрај место“, „Нусе“, „Ненормален“, „Дома си е дома“, „Некогаш и негде“, „Не зори зоро“, „Што и да е ќе помине“, „Тајна отровна“, „Чаирска романтика“, „Мучо денаро“… песни со кои растевме, созревавме, се радувавме или тагувавме. Владо важи за еден од најзначајните автори и пејачи на македонската музичка сцена.

Тој е потврда за исклучителната уметничка тежина што ја носи со себе речиси три децении.

Охридскиот концерт на Јаневски ќе биде под отворено летно небо, па токму затоа сите се надеваат дека таа летна ноќ нема да има дожд. Античкиот театар, со својата специфична атмосфера е идеално место за пеење на неговите безвременски песни исполнети со прекрасни емотивни текстови. Концертот со Владо на 8 август, сите ќе нè потсети на некои стари или сегашни љубови, на некои сакања. Ќе ни даде одговор и на прашањето: зошто само искрената љубов останува најважната животна алка?!   (Д.М.)

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk