Home » Владо Јаневски на 10 август на Антички театар

Владо Јаневски на 10 август на Антички театар

by Lina Muslija

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава – Античкиот театар во Охрид.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од единствената и уникатна музичка приказна која на 10 август, во организација на „Прагма продукција“, ќе ја подготви Владо Јаневски.

Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.

На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја. Дека ќе присуствуваме на еден исклучителен музички настан, говори и големиот интерес за овој концерт, затоа што публиката не можеш да ја излажеш, посебно не 30 години колку што трае Јаневски, кој вели дека годините и искуството го научиле – ако сакаш да го насмееш Господ, само кажи му што планираш, а Владо Јаневски тоа добро го знае. Затоа, погрижете се навреме да си обезбедите влезница, бидејќи за неговите концерти секогаш се бара карта повеќе. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More