Владиониот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска – Давкова требаше да патува во Париз на свеченото отворање на катедралата Нотр Дам, се расипал на 3. декември, во миговите кога собранискиот спикер Африм Гаши одел на пат во Шведска.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, за САКАМДАКАЖАМ рече дека во моментов се прават дополнителни анализи и испитувања, со цел да биде пуштен повторно во сообраќај.
„Неисправноста на еден таков инструмент не дозволува летачка операција, ниту стартување на моторите, и истиот мора да биде заменет. Нов инструмент стигна на 4 декември, и по неговата замена авионот е вратен во Скопје, каде се прават дополнителни анализи и испитувања пред да биде вратен во погон“, изјави Томовски.
„Лирџет 60“ авионот од 2004 година на Владата, бизнис авион кој има долет на средни линии, односно со него може да се лета до Европа и низ блискиот исток, но никако прекуокеански летови.
Томовски во „Дејли Клик“ на 23 септември годинава изјави дека се потрошени милиони евра на поправки, но дека а него веќе не се произведуваат делови, односно се користат репарирани делови.