Home » Владата со итни мерки поради топлотниот бран

Владата со итни мерки поради топлотниот бран

by Журнал.мк

Владата ја одржа 11-та седница. Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година, понеделник и вторник.

Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението ќе се преземаат акции предвидени завентивните мерки кои ги најави Владата. На денешната владина седница е разгледана информацијата за високите температури поради која е прогласена фаза 2 – портокалово ниво на топлотни бранови

Согласно ова, Владата донесе дополнителни мерки за превенција.

Бремени жени и возрасни луѓе над 60 години да бидат ослободени од работни обврски на 12 и 13 август поради топлотниот бран кој ја очекува земјава, се дел од превентивните мерки кои ги најави Владата.

Во превентивните мерки е предвидено работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

„Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот“, се вели во владиното соопштение.

Во него е истакнато дека општините, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран се задолжени да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More