Home » Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот

Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот

by Журнал.мк

На седницата, велат нашите извори, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз, дознава „360 степени“ од владини извори. Според нашите информации, денеска во 14 часот ќе се одржии итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

На седницата, велат нашите извори, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk