Home » Владата поништи одлуки донесени од министерот за труд и социјална политика

Владата поништи одлуки донесени од министерот за труд и социјална политика

by Журнал.мк

Станува збор за поништување на решение за разрешување директор на ЈУ Центар за социјална работа – Кочани и за именување нов в.д. директор на оваа установа, на што Владата има право, како второстепен орган, согласно Законот за општа и управна постапка…

Владата на вчерашната седница донесе и одлука да огласи како ништовни – одлуки, коишто, според информацијата од дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, се донесени еднострано, односно само од министерот за труд и социјална политика, соопшти владината прес-служба.

Станува збор за поништување на решение за разрешување директор на ЈУ Центар за социјална работа – Кочани и за именување нов в.д. директор на оваа установа, на што Владата има право, како второстепен орган, согласно Законот за општа и управна постапка.

Согласно Законот за Влада на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот за труд и социјална политика, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи. А, ако актот или документот е одобрен, т.е. потпишан само од едното лице, се смета дека не произведува правно дејство, се наведува во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More