Home » Владата не се откажува од распуштање на судскиот и обвинителскиот совет

Владата не се откажува од распуштање на судскиот и обвинителскиот совет

by Журнал.мк

Владата не се откажува од распуштањето на Судскиот и Обвинителскиот совет, и покрај медиумските извештаи дека Македонија, поради обврските што ги презеде од реформската агенда за Планот за проширување, се согласи да не ги распушта овие две независни тела.

Од Владата за Алсат потенцираат дека институциите во државата работат во согласност со постојните закони и Уставот, а сите документи кои произлегуваат мора да бидат во согласност со законите и Уставот.

„Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители, што претставува реформа на овие две институции за што јавно ги повикуваме на дебата и потсетуваме дека имаат помалку од 2 проценти доверба…Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина кои се исплашени и загрижени, но доаѓа време за промени и можности за вешт и стручен кадар “, велат од Влада на Северна Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски, во некои настапи, но и во владината програма, ветува дека Судскиот совет и Советот на обвинители треба да се распуштат откако го изгубиле кредибилитетот на граѓаните. Во програмата пишува дека Владата ќе иницира и измени на Уставот во делот на уредување на составот на советите, при што ќе се бара да се изберат членови од редовите на судиите и обвинителите.

Оваа идеја го судри премиерот со амбасадорите на ЕУ и САД, кои сметаат дека оваа мерка е директно мешање на извршната власт во судството.

Дури и во последниот извештај на Европската комисија за владеењето на правото во земјата, се забележува дека со ваквиот потег владата ќе ја поткопа независноста на органите кои ја надгледуваат работата на судиите и обвинителите.

Распуштањето на советите беше критикувано и од експерти од областа, кои го делат мислењето на претставниците на меѓународниот фактор во земјата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More