Home » Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите

Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите

by Журнал.мк

Владата на Србија во оставка испрати инструкции до дипломатската мрежа во земјите-членки на ЕУ и до Европска Унија со инструкции како треба да настапуваат со соговорниците.

– Борбата против корупцијата, одржување на владеењето на правото и зајакнувањето на институциите се клучните принципи на кои остануваме целосно посветени – и затоа како приоритет ќе се посветиме на нив и цениме што студентите ги изнесоа овие теми на прв план. Затоа Владата на Србија ги исполни сите нивни барања, се наведува во писмото од српската Влада.

Во писмото се посочува и дека изминатите три месеци студентските и граѓанските собири се одвиваат мирно, без употреба на државна сила, иако тие не биле официјално пријавени, како што налага законот.

Студентите почнаа со блокади и дефинираа четири барања по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. Блокадите и протестите се интензивираа откако на 22 ноември во Белград беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности за време на 15-минутната блокада.

Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.

Студентите тврдат дека ниту едно нивно барање не е исполнето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk