Следната недела, Министерство за локална самоуправа ќе го објави вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари (околу 240 милиони денари), изјави денеска владината портпаролка Марија Митева, информирајќи за одлуките донесени на двете денеска одржани седници на Владата.
И вториот повик, како и првиот, ќе поддржи проекти во областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието, објасни Митева.
„Ова е показател дека пред нас е градежен бум во сите општини, во сите региони на нашата земја. Ветивме развој на општините, тоа и го реализираме“, рече портпаролката.