2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Владата ја номинира министерката Десковска за членка во Венецијанската комисија

Најчитани вести

Актуелната министерка за правда Рената Тренеска -Дескоска ќе биде номинирана за претставник на Македонија во Венецијанската комисија при Советот на Европа одлучи Владата.

Дескоска се огласи на фејсбук со објаснување дека нема судир на интереси во тоа што Владата номинира член на Владата за функција во Венецијанската комисија.

„Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација“, напиша Дескоска.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести