Home » Владата инвестира во образованието, се градат нови училишта и факултети

Владата инвестира во образованието, се градат нови училишта и факултети

by Журнал.мк

Во Македонија во моментов се градат седум нови училишта, а неколку се реновираат. Наскоро ќе започне обнова и на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека образованието е еден од главните фокуси на Владата и најави изградба на кампус на универзитетот „Мајка Тереза“ и конечно довршување на зградите на факултетите „ФИНКИ“ и „ФФК“ кои со години стојат во фаза на крабина.

„Апсолутно, образованието е наш главен фокус и наша главна цел, во моментот се градат седум училишта, уште неколку се реконструираат. Продолжуваме да инвестираме во образованието. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе направиме реевалуација на проектите коишто се поврзани со изградба на зградите на двата факултета ФИНКИ и ФФК. Општествена одговорна компанија, ќе го донира реконструирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово и набргу таа донација ќе биде ставена на двенен ред на советот во општина Тетово“, изјави Христијан Мицкоски премиерот на Македонија.

Ќе се инвестира и во други локални проекти – од обнова на патишта и улици преку изградба на водоводи и канализации до формирање паркови и спротски терени. Сето ова ќе биде финансирано преку вториот дел од унгарскиот кредит кој веќе е ставен на располагање на општините. Досега има пристигнато над 300 апликции.

„Повеќе од 338, 340 веќе проекти се стигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли и 400, зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна вредност од 72 милиони евра, без оние средства кои што отидоа преку Министерството за транспорт“, изјави Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија.

Останатите пари од унгарскиот заем беа искористени за враќање на долгови од претходната власт, но и за да се обезбедат 250 милиони евра поволни кредити за стопанството кое парите ги добива по каматна стапка од само 1.95%.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk