Home » Владата има план како да го намали загадувањето на воздухот

Владата има план како да го намали загадувањето на воздухот

by Журнал.мк

Вицепремиерот Изет Меџити вчера најави акционен план за намалување на загадувањето на воздухот

– Имаме акционен план за намалување на загадувањето на воздухот. Еден од проектите е гасификација на урбаните центри, иако неколку пати не успеал, треба да се изврши повторен обид бидејќи има заинтересирани компании кои би го спровеле ова преку јавно-приватно партнерство – изјави тој.

Коментирајќи ги владините инвестиции за проекти во општините, заменик-премиерот соопшти дека владата од 1 јануари ќе додели дополнителни 250 милиони евра за општински проекти.

– Бидејќи е половина година, беа одвоени 100 милиони евра, а од 1 јануари ќе се одвојат уште 250 милиони евра, повторно за комунални проекти, за витални проекти. Не можеме да зборуваме за европски фронтови, за Европската Унија и да претендираме кон Европа кога имаме проблеми со канализацијата, водоводот и со елементарните прашања на граѓаните – изјави Меџити.

Според него, граѓаните од земјава не заминуваат само поради вработувањето, туку и поради основните услови за живот, безбедноста и други причини.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk