Home » Владата го одобри Коцевски за нов републички обвинител, на ред е Собранието

Владата го одобри Коцевски за нов републички обвинител, на ред е Собранието

by Журнал

Владата го одобри Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, по што му предложи на Собранието да го именува за наследник на Љубомир Јовески.

-Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која му предложува на Собранието на Република Северна Македонија за Јавен обвинител на Република Северна Македонија, по добиено позитивно мислење од Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија да го именува Љупчо Коцевски, одговорија од Владата за ,,Фокус”.

Неодамна само Коцевски го помина филтерот на Советот на јавните обвинители, односно доби позитивно мислење, а трката запре за обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Сега по мислењето од Владата изборот се селил во Собранието.

Кандидатот Коцевски е познат меѓу своите колеги, но неговото име е непознато за пошироката јавност. Се знае само дека обвинителот е со долгогодишна кариера и е веќе пред пензија.

Тој во адвакатурата бил 16 години, а во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од две години е унапреден и станува еден од десетмината обвинители во републичкото обвинителство.

Во досегашната обвинителска историја на државата, на чело на државното обвинителство секогаш стоел маж, и тоа вкупно осум на број.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More