Home » Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор

Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор

by Журнал.мк

Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор и со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Рече дека оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.

„Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска, т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водни бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани“, изјави Мицкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More