Home » Владата бара 400 пожарникари за 24.000 денари плата, експерти: Младите гледаат како побрзо да дојдат до пари

Владата бара 400 пожарникари за 24.000 денари плата, експерти: Младите гледаат како побрзо да дојдат до пари

by Журнал.мк

До 24.000 денари плата за сезонски ангажман на 400 пожарникари за помош на општините во справување со пожарите во текот на летото. 600 работници за јавни работи кои ќе помагаат на општините за 800 денари дневница и ќе бидат ангажирани максимум 30 дена во годината по четири часа дневно. Ова се само дел од мерките во Оперативниот план за вработување на Владата со кој планира младите лица да ги задржи дома. Но, експертите алармираат – Македонија нема работници ниту за лек. Младите не работат за минимални плати – целта им е како побрзо да дојдат до пари.

„Кога разговарате со млади,сите имаме фамилии и деца тие гледаат како побрзо до пари да дојдат. Заврши времето кога бевме ние, јас кога бев, сонував да бидам банкарски чиновник за 10.000 денари и да чекам години да унапредам па. Сега младинава не го прави тоа. Вие имате, не знам како вие успевате, али ние континуирано менувате работни места, младите одат идат, одат идат. И ако не се прилагодиме на нив, па ние веќе не го гледаме новото време.“, изјави Наумоски.

За проблемот со работна сила одамна алармира и бизнисот. Обидот со ангажирање на работници од странство не дава резултати. Владата пак со законски измени во обид и пензионерите, студентите, социјалците и младите над 15 години да ги внесе на пазарот на труд, без да ги изгубат правата на пензија и социјална помош. Но, експертите предупредуваат се помалку ќе имаме работници.

„Крикот е цел нема работници. И ќе нема, понатаму се помалку ќе имаме работници“, вели Наумоски и додава:

„Македонија сериозно тоа треба да го позиционира, бидејќи идната војна метафорички економска ќе биде само и само преку продуктивни работници. Е сега продуктивен работник колку може пензионерот да биде. Јас се смеам често мајка ми беше добар инспектор во пензија е, да ја вратиме, го нема тој елан како пред 30 години.“, изјави Наумоски.

Со Оперативниот план пак, годинава ќе се потрошат 40 милиони евра за вработување на 16.500 лица. Денеска мерките беа презентирани во Прилеп. Во него има пари и за самовработување – по 10.000 евра неповратни средства за отворање на бизнис за млади до 29 години. Со здружување на две лица кои активно бараат работа сумата може да достигне од 14.000 евра до 20.000 евра.

Планот предвидува и обуки и преквалификации, младински додаток од 50 евра за млади до 23 години кои ќе работат во производство. А продолжува и мерката за поддршка на работодавачите. При вработување на млади невработени до 29 години да добијат до 250.000 денари од лице.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk